Во декември 2013 година ДТ „ЕКОГАС“ ДОО започна со увозот на компресиран природен гас од Бугарија, каде се сместени 4 компресирачки станици, кои се поврзани со Бугарскиот гасовод. Компресираниот гас до и низ Македонија се транспортира во специјализирани TIR камиони.

Сите енергетски корисници во Македонија (фабрики, индустрии) според законот почнувајќи од 01.04.2013 мораат да ги променат енергетските горива (сурова нафта, мазут и сл.) со еколошко гориво - течен гас. Сево ова е со цел да се заштити човековата средина.