За нас


Компанијата ДТ „ЕКОГАС" ДОО е компанија која е специјализирана за инженерство и конструкција на инсталации и опрема за гас, и дистрибуција на Компресиран Природен Гас (CNG).

ДТ „ЕКОГАС" ДОО е сместена во Штип на адреса ул. „Тошо Арсов" бр 32 и е прва приватна компанија во Македонија со сопствена мрежа за дистрибуција на гас и сопствен систем за спроведување. Главна дејност на ДТ „ЕКОГАС" ДОО е дистрибуција, размена и продажба на LNG и CNG гас и течни горива (енергија) на значајни индустрии сместени во индустриските зони ширум Македонија.

Компанијата е основана во 2013 година. А нејзина главна цел е да нуди енергетски алтернативи и да овозможи природниот гас да биде лесно достапен за бизнис и приватните корисници. Основањето на оваа компанија и дистрибуцијата на гас ќе помогне во намалувањето на штетните емисии на гасови во воздухот и ќе им помогне на компаниите да станат поконкурентни во однос на намалувањето на трошоците за енергија и горива.

Главниот капитал е поделен на 34% Македонски и 66% Бугарски капитал.

Увезуваме компресиран Метан до Бугарија каде имаме поставено 4 единици за компресирање на гас кои се поврзани со Бугарскиот гасовод. Компанијата ДТ „ЕКОГАС" има станица за полнење на гас во Благоевград во Бугарија.

Адресата на станицата за полнење е: ул. „Зелендолско шоссе" бр. 16, 2700 Благоевград, Бугарија.

Гасот се спреведува до Македонија во TIR камиони за транспорт. Во моментот сме прва и единствена компанија во оваа област и наша цел е брзо да го освоиме пазарот.

Заклучок: Сите енергетски корисници во Македонија (фабрики, индустрии) според законот почнувајќи од 01.04.2013 мораат да ги променат енергетските горива (сурова нафта, мазут и сл. со еколошко гориво течен гас ) !

Сево ова е со цел да се заштити човековата средина.