Природниот гас се појавува како природен јаглеводород кој е состанев главно од метан, но може да содржи и мали количини на етан, пропан, бутан и пентан. Бидејќи природниот гас се наоѓа во земјата може да содржи и сулфурни компоненти, азот, јаглероден диоксид, вода и други супстанции.
Природниот гас се формирал во текот на милиони години како резултат на влијанието на топлината и притисокот врз распаднатите остатоци од растенија и животни, кои се закопани помеѓу слоеви од седиментни карпи. Гасот останал заробен поради непропусливиот слој на карпи, и затоа е потребно да се врши копање со цел да се дојде до истиот.
Природниот гас важи за едно од најчистите јаглеводородни горива. При согорување природниот гас е до 50% почист од јагленот. Возилата кои користат природен гас како гориво имаат намалена емисија на штетни гасови од 15 до 30% во однос на возилата кои користат дизел горива. Што го прави чист и безбеден за околината.
Природниот гас може да се користи речиси секаде. И тоа: за затоплување на канцелатиите и домовите, за генерирање на електрична енергија, како гориво во автомобилите, за разни потреби во индустријата, како суровина во разни ѓубрива и во хемиски процеси.